Commons:Добре дојдовте

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

Што претставува Ризницата?[edit]

Ризницата на Викимедија е складиште на медиумски податотеки кое нуди јавнодоменски и слободно-лиценцирани содржини (слики, аудио и видео снимки) достапни за секого и на сопственoм језику. Функционира како заедничко складиште за различните проекти на Фондацијата Викимедија, а неговите содржини се слободно достапни, без потреба од членство на некој од проектите. Ова складиште го создале и го одржуваат доброволци, а не платени лица. Рамките на делокругот на Ризницата се објаснети на страниците за Рамки на проектот.

Ризницата користи вики-технологија како онаа на Википедија и секој може да ја уредува. За разлика од други проекти, податотеките кои се подигаат на Ризницата можат да се вметнуваат во страници на сите проекти на Викимедија без да треба да се подигаат посебно на секој од нив.

Ризницата е пуштена на 7 септември 2004, а достигна 1.000.000 подигнати податотеки на 30 ноември 2006. Моментално Ризницата има 64.291.528 податотеки и 62.907.502 мултимедијални збирки. Повеќе информации за позадината на проектот ќе најдете на Одрекување од одговорност, на страницата на Википедија за Ризницата и на нејзината страница на Мета-вики.

За разлика од вообичаените складишта на медиумски податотеки, Заедничката Ризница е слободна. Тука секој слободно може да копира, користи и менува било која податотека под услов да го наведе изворот и авторот, и под услов корисниците да ги издаваат нивните копии/преработки под истата слободна лиценца како останатите корисници. Самата база на податоци на Ризницата и текстовите во неа се под лиценцата Creative Commons Наведи извор/Сподели под исти услови. Условите на лиценцата на секоја поединечна податотека можете да ги видите на описната страница за секоја од нив. Повеќе информации за користење на податотеките ќе најдете на Commons:Искористување на содржините вон Викимедија и Commons:First steps/Reuse.

Учествувајте

Ризницата ќе ја подобрите највеќе со она што најдобро ви оди:

Придонесувајте со свои дела[edit]

Ако сте добар фотограф, слободно доринесувајте со вашите најдобри слики. Ако сте добар дизајнер, погледајте кои дијграми и анимации се најмногу потребни. Ако сте добар музичар или филмски/театарски уметник, слободно објавете снимки од вашите изведби на слободни дела овде.

Придонесувајте со способности[edit]

Меѓутоа не морате да подигате свои податотеки. Има еден куп други многу важни работи:

Придонесувајте со посветено време[edit]

Не морате дури ни да бидете добар уметник или вешт пишувач на текстови за помош. Ако ви оди средувањето на хаоси, тогаш ќе ни требате за помошник!

Регистрација

За да можете да подигате податотеки на Ризницата, најпрвин треба да сте најавени. Регистрирајте се на врската „Log in / create account“ во горниот десен агол и внесете корисничко име кое ќе го користите за сите активности. Но доколку само сакате да уредувате страници, тогаш не морате да се регистрирате (но се препорачува). Доколку користите обединето најавување, тогаш тоа значи дека веќе имате сметка и на Ризницата.

Упатство „Први чекори“

Нашите страници за помош со првите чекори и ЧПП ќе ви бидат од голема корист по регистрацијата. Таму е објаснето како да се прилагодува посредникот (на пр. јазикот), како се подигаат податотеки и нашиот основен правилник за лиценцирање. За да придонесувате тука не ви требаат технички познавања. Бидете смели во придонесите и претпоставете добронамерност за намерите на другите корисници. Ова е вики - навистина е лесно.

Повеќе информации ќе добиете на Порталот на заедницата. Можете да поставувате прашања на Селската чешма или на IRC-каналот #wikimedia-commons.

Податотеките на Ризницата се организирани по категории и галерии. Добар преглед на категориите ќе најдете на Главната страница.

Дополнителни услуги и програми

Ако сакате да подигнете голем број на слики, ќе ви послужи програмот Commonist. Ако ви требаат поконкретни информации за алатки за прегледување и преработка на нашите содржини, погледајте ја страницата за програми.

Се надеваме дека ќе ви биде пријатно и забавно со нас.